СОУ „Димитар Влахов“ ќе реализира проект со средства од европските фондови

По позитивните искуства на општина Струмица во искористувањето на средствата од европските фондови и реализирањето на проектите од Програмата за прекугранична соработка, успешен обид и на средното општинско училиште „Димитар Влахов“. По ИПА повикот од програмата за прекугранична соработка, а преку приоритетната оска 1 – животна средина, училиштето успеа да обезбеди финансиски средства за реализација на проектот „ Штедиме енергија – градиме иднина“. Овој инвестиционен проект ќе се реализира во соработка со професионалната гимназија по туризам „Никола Јонков Вапцаров“ од Ќустендил, Бугарија, а со него ќе се изврши адаптирање и санирање на веќе постоечки објект во кругот на училиштето каде што ќе се изведува практична настава.
Со проектот „Штедиме енергија – градиме иднина“ кој чини 375 илјади евра за реализација на проектните активности во двете училишта, ќе се засили и прекуграничната соработка меѓу луѓето, особено меѓу младите, се овозможува решавање на проблемите во образованието со користење на природните ресурси, а со тоа се намалуваат расходите за затоплување на објектот и се обезбедува почиста средина.

Напишете коментар