Честитка по повод Рамазан Бајрам од градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојонов по повод Муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, на верниците од Исламска вероисповед им ја упати следнава честитка:

Почитувани сограѓани, припадници на Исламската вероисповед!

Од мое лично име и од име на општина Василево Ви упатувам најискрени честитки по повод големиот Муслимански празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, мир,  радост и успех во животот.

Вредностите на овој празник: добрината, разбирањето, љубовта, простувањето, разумноста, толеранцијата –  нека бидат оној цврст темел врз  кој сега  и во иднина ќе се градат добрите меѓучовечки односи во нашата мултиетничка заедница и ќе бидат основа за нејзиниот севкупен развој.

Празничната радост поделете ја со пријателите и заедно така сплотени да продолжиме успешно да чекориме по патот на заедништвото, градејќи заедница во која меѓусебното разбирање е основа на сегашниот и идниот напредок.

Посакувам овој голем празник да го зацврсти заемното почитување и соработката кои ќе вродат со нови успеси и придобивки за целата општина.

Моќта на верските и религиските учења да ја насочиме кон зацврстување на соживотот, заедно стварајќи и заедно празнувајќи.

 

Почитувани сограѓани, припадници на Исламската вероисповед,

Ви посакувам убави празнични денови, многу радост, среќа, здравје и спокој во Вашите домови.

Напишете коментар