Честитка од градоначалникот Зоран Заев по повод празникот Рамазан Бајрам

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,

Рамазан Бајрам, како еден од Вашите најголеми празници со кој го славите завршувањето на Светиот месец, нека ги исполни Вашите срца и души со добра помисла, како триумф на духовното и телесното прочистување.

Заедно со верата, молитвите, поклонението и давањето милостина, Вие со Рамазанскиот триесетдневен пост, ја комплетирате неопходната низа која го сочинува Исламот, со што го заслуживте тридневното празнување на Рамазан Бајрам.

Ползувајќи ги милоста, бериќетот и проштевањето како дарови од Рамазан, дарувајте и Вие добрина, милосрдие и љубов на Вашите ближни и на луѓето од заедницата во која живеете. Среќата, хармонијата и благосостојбата нека го исполнуваат Вашиот дом и нека бидат вечни сопатници на членовите на Вашите семејства.

Со желба за весело расположение, добро здравје и живот каков што заслужувате, од мое лично име и од името на Општина Струмица, Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви посакувам празнувањето да ви биде за многу години.

Напишете коментар