BlackBerry престанува да произведува телефони

BlackBerry која стекна популарност со иновативните технологии за мобилни телефони, планира да го прекине производството на паметни телефони по 14 години, пишува BBC. Канадската компанија ќе им овозможи лиценцирано производство на партнерите, додека тие ќе се фокусираат на работење со софтвер.

„Веруваме дека тоа е најдобриот начин за профит во работењето со уреди“ – изјави извршниот директор на BlackBerry, Џон Чен.

Тој изјави дека трошоците на BlackBerry ќе се намалат со намалувањето производството, како и со намалување на бројот на вработени. Компанијата постојано се обидуваше да биде во врвот на производителите на телефони, но не успеа да ги следи во чекор Apple и Samsung.

Во мај, Чен изјави дека до септември ќе знае дали компанијата и понатаму ќе остане профитабилна.

BlackBerry во моментот има мал дел од пазарот на паметни телефони во САД, а колку за споредба, во вториот квартал продаде околу 400.000 смартфони, додека Apple во истиот период продаде 40 милиони.

Kajgana.com