„ПОРАКА“ одржа работилница „Со музика поблиску до народната традиција“ поддржана од општина Струмица

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица одржа работилница со наслов „Со музика поблиску до народната традиција“ во основното музичко училиште „Боро Џони“. Работилницата е во рамките на годишната програма за работа за 2016 година, која „ПОРАКА“ ја спроведува со финансиска поддршка на општина Струмица. Целта на оваа активност беше приближување на народната традиција до лицата со интелектуална попреченост преку запознавање со народните музички инструменти. Преку оваа посета и заедничка работилница со учениците во музичкото училиште, лицата со интелектуална попреченост се запознаа со училиштето, учениците – млади музичари, наставниот и стручниот кадар, со музичките, а посебно со фолклорните инструменти.
Годишната програма на „ПОРАКА“ за работа во оваа година финансиски е овозможена од општина Струмица преку V2 Програмата за социјална заштита.

Напишете коментар