Бесплатен Паркинг за Хибридните и Електрични возила

Општина Струмица овозможи бесплатен паркинг за хибридните и електрични возила
Советот на општина Струмица на последната седница одржана на 27 август 2015 донесе одлука со која ги ослободи од плаќање на паркинг сопствениците и корисниците на хибридни и електрични возила.
На иницијатива на „Електомобилност Македонија“, одлуката за бесплатен паркинг на овие возила е усвоена во делот на зонското паркирање за сите отворени јавни паркиралишта во град Струмица со кои управува јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица”.
Од претријатието информираат дека ваквата одлука се наметнува како потреба за граѓаните во делот на заштитата на животната средина, стимулирајќи користење на ваквите возила посебно заради нивните ниска потрошувачка и намалено загадување на околината.
-Голем дел од владите во светот овозможуваат поволни кредити или намалени давачки за сопствениците на електрични и хибридни возила и со тоа поттикнуват купување и користење на вакви возила имајќи го во предвид бенефитот кој се однесува на здравјето на луѓето заради пониската емисија на штетните издувни гасови. Иако во општина Струмица бројот на ваквите возила е значително мал, овозможувањето на бесплатен паркинг за истите е само мал дел од тоа што како допринос можеме да го дадеме и на тој начин да ги подржиме проектите со кои се имплементира енергетската ефикасност – истакна Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица”.

Напишете коментар