Градинката Клон 1 Стана Прекрасно Катче за Најмладите

Комплетно е разубавен комплексот на детската градинка „Детска радост“ Клон 1, кој со последните зафати стана прекрасно катче за престој на децата и во внатрешниот дел, но и во дворната површина. Бојадисани во разни бои огради и клупи, прекрасни цртежи на ѕидните површини, се само дел од реализираните зафати, кои направија дворот на градинката да биде разигран и шарен исто како и во светот на децата. Подновен и разубавен е и внатрешниот дел на градинката со нови патеки на скалите и други реквизите кои гои подобрија амбиентот за престој во нив.

Во континуиран недостиг на поддршка од Министерството за труд и социјална политика, сите овие зафати градинката ги реализираше со сопствени средства. Со сопствени средства ќе бидат реализирани и планираните дополнителни активности се со цел престојот на децата да им биде поубав и поинтересен.

Напишете коментар