Априлијада во Општина Ново Село

Голем број маскирани дечиња од детската градинка “Сонце” и ПОУ “Св. Климент Охридски” во Ново Село денес се прошетаа низ улиците и пред сите ги покажаа маските кои ги изработуваа заедно со своите наставници и родители по повод денешниот 1-ви Април. Дечињата ги поздрави градоначалникот на Ново Село, г-дин Блажо Велков кој ги пречека во дворот на административната зграда на општината, ги поздрави и ги пофали за креативните маски.

Напишете коментар