„МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ„

Половина од руралното население во Македонија е економски зависно од земјоделството, итна е потребата од спроведување брза акција и практични адаптивни методи. За таа цел, вчера во Струмица се одржа прва национална конференција за климатските промени и македонското земјоделство, која имаше за цел да ги претстави негативните ефекти.

Петар Ѓоргиевски, Претседателот на Мрежата за рурален развој на РМ ги презентираше мерките кои ќе им помогнат на земјоделците да ги намалат штетните последици во градинарството, овоштарството, лозарството и сточарството.

Конференцијата “Македонското земјоделство и климатските промени” е поддржана од проектот„Институционална подршка на Федерацијата на фармерите на РМ“, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведуван од Мрежата за рурален развој на РМ, како и од Амбасадата на Кралството Шведска.

Напишете коментар