Тиверија на „Купот на карневалот“ со гости од Бугарија, Ц.Гора и Грција

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Струмица ќе биде домаќин на „Купот на карневалот“ кој ќе се игра викендов.

Натпреварите се закажани на 18 и 19 февруари, а покрај Тиверија, учесници на пријателскиот турнир пред продолжението на сезоната во женската Прва лига ќе бидат уште Спортика (Бугарија), Брезница (Црна Гора) и селекцијата на Тракија (Грција).

Во полуфиналето Тиверија Струмица ќе се соочи со Тракија (18 февруари, 11.00 часот), а второто полуфинале го играат Спортика и Брезница (18 февруари, 13.00 часот). Мечот за третото место и финалето се играат ден подоцна, од 10.00 и 12.00 часот.

Напишете коментар