о.Ново Село- Изградба на мост на ” Колешински канал”

Продолжува изградбата на мостот на “Колешински ” канал на патот Колешино – општина Ново Село и Бориево – општина Босилово.Вкупната вредност за изградба на мостот е 12 милиони денари од кои општина Ново Село 8 милиони денари ги обезбеди преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а преку Министерството за локална самоуправа, 3 милиони денари од Буџетот на општина Ново Село и 1 милион денари од Буџетот на општина Босилово.
Мостот ќе биде со должина од 30 метри и ширина 6 метри.
Со изградбата на овој мост ќе реализираме уште едно барање на граѓаните од нашата општина а со тоа ќе се олесни движењето на населението од двете општини , ќе се обезбеди полесен пристап до земјоделските површини и ќе се зголеми безбедноста на ѓраѓаните.
По изградбата на мостот, општините Ново Село и Босилово ќе барат начин и финансиски средства за изградба и асфалтирање на локалниот пат Колешино – Бориево, за кој имаме изготвено проект а средствата се во висина од 1.4 милиони евра.

Напишете коментар