Ф.К Василево одигра пријателски фудбалски натпревар со Ф.К Малеш од о.Струмјани

Вчера во општина Струмјани, Република Бугарија се одигра пријатески натпревар помеѓу домаќините Ф.К Малеш од с.Микрево,општина Струмјани како и Ф.К Василево од општина Василево.
Овој натпревар се одигра по покана на претседателот на општина Струмјани, господинот Емил Илиев како плод на долгогодишната соработка и партнерска соработка помеѓу овие збратимени општини како и пријателството помеѓу градоначалниците г-н Емил Илиев и г-н Ванчо Стојанов.
Домаќините Ф.К Малеш покажаа подобра игра иако натпреварот заврши нерешено.За нашите, Ф.К Василево шансата за гол ја имаше Александар Ристов кој ја погоди стативата на противничката екипа.
16838094_1858518897738209_2014131705_n

16900107_1858518997738199_2144032236_n

16900281_1858519011071531_1531556252_n

16900282_1858518904404875_600038756_n

16901775_1858518881071544_1707532371_n

Напишете коментар