Отворена Нова Заботехничка Лабораторија Твинслаб
По повод отварањето на новата заботехничка лабораторија Твинслаб во Струмица, вечерва се одржа коктел со цел запознавање и презентирање на производите и услугите кои што ги нуди истата. Работата на новата лабораторија беше презентирана од страна на двете сопственички на Твинслаб, Танкица Петкова и Љубица Пецева.
Заботехничката лабораторија Твинслаб потекнува и е целосен наследник на лабораторијата Ендомак, но сега под раководство на Танкица Петкова и Љубица Пецева. Во кратко разговор, еве што ни открија за Твинслаб двете сопственички.
Каде го стекнавте вашето образвование и стручно познавање?
-Здраво, ви благодариме на поканата и вашата заинтересираност за нашата лабораторија. Ние сме забни техничари , а високо образование завршивме во Република Бугарија, во рекордно време и како најдобри во генерацијата.После високото образование, следува стручно усовршување во една од најдобрите и денес најголема заботечнички лабораторија во Бугарија. После пет години работа во Бугарија, добивме понуда од Примариус Доктор Томе Тасевски од клиниката Ендомак, за отварање на заботехничка лабораторија во Струмица и Гевгелија. Во таа иста лаборатоја, а денешен Твинслаб, по скоро поминати 5 години во работа, можеме слободно да кажеме дека нашето стручно усовршување беше поткрепено со многу изработени случаи, се стекнавме со огромно искуство во метал керамиката, цирконија керамика, гингива керамика, DSD, а посебно имплантологија.
Ендомак инвестираше многу со теоретско и практично усовршување, преку интерни приватни курсеви, водени од голем број еминентни светски стручњаци докажани во полето на светската забна техника и естетика. Едукацијата се состоеше од основите на анатомијата на забите, формата, естетиката, функцијата, DSD третманите и гнатологијата. Сето знаење се разбира беше наградено со дипломи и сертификати, а најважно од се, применетите знаења во секојдневната практика.
Дали може на кратко да ни ја презентирате заботехничката лабораторија Твинслаб?
–Твинслаб е современа лабораторија, опремена со state of the art опрема, дигитални скенери и милинг машина за изработки по CAD/CAM технологија. Материјалите кои што ги користи лабораторијата се од реномирани фирми, почнувајќи од BAUMANN модели, FUJIROCK гипс, восок, GIROBOND или GC метал и GC Initial керамика како краен производ, а во моментот најдобри во светот.
Што ве прави поразлични од другите заботехнички лаборатории на пазарот во Македонија?
–За разлика од другите лаборатории, едниствено кај нас металот не се прелива по неколку пати, туку се користи само еден метал за лиење. На тој начин, се гарантира висок квалитет и се почитува гаранцијата дадена од производителот. Исто така, цирконијата која што ние ја користиме не е опактна, туку е транслуцентна, што познавачите на естетстката стоматологија знаат од колку големо значење е сето ова. Целокупната наша работа се изведува исклучиво на Amann Girrbach артикулатори и се разбира, во чиста и здрава околина на работните места.
Исто така, она што е од голема важност за работата на Твинслаб е дека поседуваме сопствен компјутерски софтвер за евиденција на налозите за работа и материјалите, поткрепен со фото и друга документација.
На кој начин се одвива комуникацијата со вашите соработници?
-Како што спомнав погоре, компјутерскит софтвер за евиденција на налозите за работа и материјалите е од особена важност, бидејки со негова помош водиме споствен лист за квалитет каде што прецизно се бележи се од страна на техничарите и стоматологот. Евиденцијата на пациентот, освен што престставува Законска форма и стандард по кој што сите треба да работат, за нас е од особена важност, бидејки на тој начин се обезбедува подобра комуникација помеѓу нас и нашите соработници, а исто така преставува и круцијален елемент за идно успешно следење на нашите соработки.
Каде се наоѓа заботехничката лабораторија Твинслаб?
-Просториите на заботехничката лабораторија Твинслаб се наоѓаат на улица Младинска број 277 во Струмица , а во Гевгелија на бул. Гевгелија бб. Исто така , клиентите може да не контактираат на телефонските броеви 070 690 490 или 071 320 600 или на mail [email protected].
Ви благодариме за одвоеното време и ви посакуваме многу успеси во работата.
–Ви благодариме за поканата и убавите желби и секое добро.