3 Чекори за Здраво Слабеење

Постојат мнигу диети и разни начини како да ги стопите вишокот килограми. Како и да е, повеќето од нив ќе ве натераат да се чувствувате гладни и незадоволни. Ако немате цврста волја за слабеење, тогаш многу лесно ќе се откажете од овие планови. Следниве три чекори ќе го намалат вашиот апетит, ќе ослабнете без да чувстувате глад и ќе го забрзате вашиот метаболизам.

 
Чекор 1- Скратете ги Шеќерите и Скробот

 
Овој е најважен од сите чекори, бидејќи внесувањето на јаглехидрати го стимулира лачењето на инсулин, кој што е главниот хормон за складирање масти во телото. Кога се намалува нивото на инсулин, мастите послесно се ослободуваат и телото почнува да ги согорува. Другата предност на намалениот инсулин е тоа што бубрезите го исфрлаат вишокот содиум и вода од телото, па е сосем нормално во првите недели од слабеењето да ослабнете повеќе поради губењето на вода од организмот. Заклучок: со исфрлувањето на шеќерите и скробот од вашата диета, автоматски ќе се намали нивото на инсулин во вашиот организам, што ќе го намали апетитот за јадење, и ќе почнете да губите килограми без да гладувате.

 
Чекор 2- Јадете Протеини, Масти и Зеленчук

 
диета 2Секој оброк треба да содржи извор на протеини, масти и зеленчук со малку карбохидрати. Ако вака ги комбинорате оброците, дневното ниво на внес на јаглехидрати ќе се сведе на препорачаната доза, односно 20- 50 грама дневно. Најголем извор на протеини се месото, риба и морска храна и јајцата. Диетите во кои што протеините се најзастапени, ќе ве заситат и нема да чувстувате опсесија за храната, бидејќи кога станува збор за диети, протеините се полни со хранливи материи. Зеленчук кој што се препорачува за оваа диета е: брокули, карфиол, спанак, кељ, зелка, марула, краставица и целер. Извори пак на масти се: маслиново масло, масло од кокос, масло од авокадо и путер. Не ги избегнувајте мастите, ако престанете да ги јадете, многу скоро ќе почнете да чувствувате глад и ќе се откажете од планот за слабеење.

 

Чекор 3 – Кревајте Тегови Три Пати Неделно

 
Препорачливо е да одите во теретана 3-4 пати неделно, загрејте се, кренете некој тег и потоа истегнете се. Ако не сте вежбале со тегови, подобро побарајте совет од некој тренер . Со кревањето тегови, ќе согорите многу калории и ќе го забрзате вашиот метаболизам, што е добро за слабеењето. Ако ви е тешко да кревате тегови, тогаш може да правите лесни кардио вежби како трчање, пливање, брзо одење или скокање на јаже.
И најдоброто за крај, во текот на неделата може да имате еден “cheat meal”, односно да јадете храна богата со јаглехидрати, но не претерувајте, помислете на сите згодни девојки на плажа кои ова лето ќе се прошетаат до вас :). Ајде, што чекате?

Напишете коментар