Непречен сообраќај на патиштата во регионот, без задржувања на границите

Сообраќајот на државните патишта во регионот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во текот на денот не се евидентирани активни патни работи на територијата на Струмица и околината. Возачите се повикани да возат со соодветна брзина и да почитуваат сообраќајна сигнализација.

Извор: АМСМ

Напишете коментар