Средба за „Струмица на улица“: Најавени подготовки за изданието во 2027 година

Градоначалникот на Општина Струмица денеска одржа средба со организаторите на трката „Струмица на улица“. На состанокот беа разменети впечатоци од последното издание на настанот и разговарано за плановите за понатамошен развој. Организаторите изразија благодарност за поддршката од општината, додека беше потврдена подготвеноста за продолжување на партнерството. Градоначалникот истакна дека заедничката цел е трката да се развива и да стане препознатлив спортски настан, познат и надвор од земјата. Во таа насока, најавено е продолжување на соработката и почеток на подготовките за следното издание, „Струмица на улица 2027“.

Прочитајте и: Јанков со организаторите за „Струмица на улица – Sunday Run 2026“, Струмица на улица: Пријавите за Sunday Run 2026 се отворени

Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица

Напишете коментар