Засадување во градинка „Виножито“ во Струмица
На 4 ноември 2026 година, во дворот на ЈОУДГ „Виножито“ – Струмица беа засадени нови садници. Активноста е дел од проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, организиран од компанијата dm. Во настанот учествуваа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, и претставници од општината, кои заедно со децата засадија дрвца. Градинката „Виножито“ беше избрана за пошумување по одобрената пријава на конкурсот. Целта е создавање подобри услови за престој и развој на најмладите. Општина Струмица ги поддржува иницијативите за заштита на животната средина и развивање еколошка свест кај децата.
Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица
