Златна Петорка со втора проекција во Индија

Долгометражниот филм Златна Петорка , вечерва ја има втората проекција на фестивалот во Индија.. http://biffes.in/movie/golden-five/
Ова е 5ти по ред фестивал на филмот Златна Петорка во режија на Горан Тренчовски. „Златна петорка“ е единствен македонски филм кој е влезен во селекцијата на овој голем индиски фестивал кој се одржува во шестмилионскиот град Бангалор.
Филмот е вброен во категоријата „Кино на светот“ и од Балканот, се прикажуваат и филмовите на Емир Кустурица, Рајко Грлиќ и Лазар Ристовски. Инаку, ова е учество на 5-ти меѓународен фестивал на кој учествува филмот.Во следниот период филмот ќе се прикажува и во Русија, САД, Германија, Франција и во други држави, а до крајот на годината се очекува да биде прикажан на сите континенти.

Напишете коментар