Здружението за музика, уметност и култура Акорд одржаа концерт пред децата со даунов синдром

Здружението за музика, уметност и култура на 16.09.2018 година, заедно со нивните ученици кои се од македонска и ромска етничка припадност, одржаа концерт пред децата со даунов синдром при здружението за помош и поддршка на лица со Даунов Синдром “Вера” Струмица.


Концертот беше одржан во салата на музичкото училиште Боро Џони во Струмица, а се изведуваа популарни класични дела од познати композитори (Моцарт, Чајковски, Палмер, Дебиси и други). По завршувањето на концертот, сите деца и членовите на двете здруженија беа дел од Штафетата на еднаквоста, на која учесниците кои трчаа држеа во рацете пораки испишани на хартиени срца, пренесувајќи го апелот дека и тие се тука, дека се дел од нашето секојдневие и дека и тие можат и умеат. Учениците повторно свиреа дел од прекрасните композиции кои беа припремени специјално за оваа пригода и на тој начин ја збогатија музичката програма предвидена на штафетата.

Напишете коментар