Здружението НОВУС организира дебата на тема „Во Македонија (не) се почитуваат човековите права“

Здружението НОВУС в среда (31.08.2016) организира дебата на тема „Во
Македонија (не) се почитуваат човековите права“ во рамките на проектот „Запознај ги
твоите човекови права“ заедно со дебатниот клуб при Младински Совет Струмица.
Целта на дебата е преку аргументи и тези да се поттикне расправата за човековите
права и дали во Република Македонија се почитуваат, односно не се почитуваат
човековите права и слободи.
Настанот ќе се одржи во големата сала во дом на АРМ со почеток од 18:00ч. Сите
оние кои сакаат да присуствуваат може слободно да дојдат и да присуствуваат.
За дополнителни информации и/или прашања, обратете се на е-маил:
[email protected] или тел. 075/296-400/ 071 698 388. Kreativa 1

Kreativa 2

Напишете коментар