Здружението Хармонија Акорд, реализираше два проекти во ЦИПЛ Порака и во заводот Бања Банско

Здружението за музика, уметност и култура Хармонија Акорд, Струмица на ден 27.09.2018 година , заедно со нивните ученици кои се од македонска и ромска етничка припадност, го одржаa вториот концерт од проектот Класичари во посета, кој е финансиски подржан од општина Струмица. Концертот беше предвиден за децата со интелектуална попреченост при Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Порака” Струмица . Концертот беше одржан во просториите на ЦПЛИП Порака, каде што децата со интелектуална попреченост си имааат свои секојдневни активности. Се изведуваа популарни класични дела од познати композитори “Мала ноќна музика” и “Турскиот марш” од Волфганг Амадеус Моцарт, “Четири годишни времиња” од Антонио Вивалди, познати валцери од Јохан Штраус, односно дела предвидени за повозрасна публика. По повод детската недела пак на 05.10.2018 година, го посетивме заводот за рехабилитација Бања Банско каде што го одржавме нашиот трет концерт предвиден за децата со посебни потреби при оваа институција. Со претходна консултација со директорот и вработените, одржавме и работилници на која ги исцртавме гипсените фигури кои останаа како подарок за присутните деца. Проектот е финансиски подржан од општина Струмица.

Напишете коментар