Завршија градежните работи на паркот во Сушица

Централното подрачје на ова населено место Сушица со изградбата на овој современо уреден парк доби комплетно нов изглед. Со изградбата на овој парк и опремување на истиот со современа урбана опрема и хортикултурно уредување претставува уреден простор за одмор на жителите од оваа населено место. Овој парк е дел од проектот: “Парково уредување на централните подрачја во населените места: Ново Село, Зубово, Сушица, Борисово, Мокриево, Дражево и Смолари”. Вредноста за изградба на овој парк изнесува 934.363,00 денари. Oвие средства се обезбедени од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2015 година и од Буџетот на општина Ново Село.

Напишете коментар