Заврши изградбата на улицата во индустриската зона во Градашорци

Општина Василево денес завршува со реализација на еден капитален проект, односно изградба на улицата во индустриската зона во Градашорици,која е од големо витално значаење како за граѓаните така и за сопствениците на градежни парцели на оваа локација.
Оваа улица е со должина од 600 метри ,истата има пешачки патеки од двете страни , со што граѓаните од овој дел ќе можат слободно и безбедно да се движат.
Средствата за изградба се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка кои учествуваат со 10 000 000 милиони денари како и 2 000 000 милиони денари од буџетот на општината.
Градоначалникот Ванчо Стојанов, се надева дека со реализацијата на овој проект, наскоро ќе започнат и изградбата на индустриските објекти со што ќе се развие и економијата во овој дел на општина Василево.
Изведувач на овие активности е фирмата Жикол.

Напишете коментар