Завршен настан за одбележување на Детската недела во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиле

По повод одбележувањето на Детската недела во ООУ „Св.Кирил и Методиј” во Дабиле се реализираа низа активности планирани со годишната програма за работа на училиштето, меѓу кои беа запознавањето со правата на децата на часот на одделенската заедница, учеството на ликовниот и литературен конкурс, учеството во приемот на првачињата во Детската организација и завршниот настан со музички изведби и училишна претстава во соработка со Здружението за музика, уметност и култура “Хармонија Акорд-Струмица”. Под мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви“, учениците се претставија со прекрасна претстава за познатиот лик Пипи Долгиот Чорап.
„Децата се нашата гордост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права без разлика на пол, раса, јазик, вероисповед, национално или социјално потекло. Наша должност е да ги научиме децата на нивните права и да им дадеме поддршка за остварување на своите права и можности”- истакна директорот на училиштето Зоран Христовски.
Настанот финансиски е поддржан од општина Струмица, во рамките на поддршката на невладините организации, здруженија на граѓани и соработката со локалната средина.

Напишете коментар