Започна да се имплементира проектот за унапредување на безбедноста и здравјето при работата

Денеска во хотелот Сириус се одржа работен состанок на проектот Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина-Основно Човеково Право.

Од здружението за заштита за при работа велат дека компаниите ке мора уште да работат на подобрување на безбедноста на работното место. Според нив оние кои инвестирале во заштита на работните места добиле бенефити и тоа во зголемување на работоспособноста на работниците како и во квалитетот на работата.

Потребна е поголема координација и едукација на преставниците на синдикалните организации но и вработените за нивните правата за безбедна и здрава работна средина со оглед дека тоа е регулирано со закон и доста значајно за што по продуктивно работење.

Од ССМ тврдат дека лани немало ниту една преставка од вработените за нисполнети нормативи за безбеднсот во работата но немаа конкретна информација дали компаниите ги почитуваат

Напишете коментар