„Вртелешка“ од Артур Шницлер премиерно во Струмица

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во петок, 15 април, во 20 часот ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Вртелешка“ работена по текст на австрискиот автор Артур Шницлер по режија и сценографија на Драгана Таневска, а во изведба на струмичкиот театарски ансамбл…
Станува збор за провокативен автор, кој не е многу поставуван во Македонија, но кој како дипломиран доктор, а вљубеник во психологијата и Зигмунд Фројд, прави допир до есенцијалните човечки облици, рече на прес конференцијата директорот на театарот, Драган Маџиров.

Додаде дека ова е втора премиера на овој театар годинава, исто така и втора и на режисерката од тој ансамбл.

Напишете коментар