Во септември решени 180 проблеми преку „Систем 48“

Во текот на месец септември во општинскиот сервис „Систем 48“ биле примени вкупно 206 пријави. Од нив решени се 180 пријави, останатите 26 се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48
часа. Најголем број од доставените пријави, 141 се од областа на уличното осветлување, 25 за собирање смет, 21 за водовод и канализација и останатите пријави се од други области.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.

Напишете коментар