ВМРО ДПМНЕ: Инвестицијата на Џонсон Контролс добра за локалната економија

Американската компанија „Џонсон Контролс“ донесе одлука да отвори нов капацитет во Струмица. Инвестиција од 20 милиони долари. Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Струмица на денешната прес конференција истакна дека отворањето на новата фабрика на Џонсон Контролс, којашто ќе отвори 1.500 вработувања е добра за локалната економија. Тие го прозваа градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, дека не го исполни ветувањето за отворање на 30 компании кои, кои според него, требало да донесат околу 3.000 вработувања.

Напишете коментар