Верниците денес ги празнуваат чудата на Свети Архангел Михаил

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.
Легендата вели дека околу 300. година еден безбожник во Лаодикија имал ќерка која била глувонема. Иако неверник, чул за изворот кој го осветил Архангел Михаил, кој наводно му се јавил на сон и му порачал дека ќерката треба да се измие.
Неверникот ја однел ќерката до чудотворниот извор и ги прашал христијаните што треба да направи. Тие му рекоа дека треба доволно искрно да се помоли „во име на отецот, синот и светиот дух“ и дека Архангел Михаил сигурно ќе му помогне.
Човекот се помоли и ја изми ќерката и веднаш почнала да зборува и да слуша. Безбожникот по чудотворниот настан се крстел заедно со ќерката и на местото на изворот и ден денеска се наоѓа црквата на свети Архангел Михаил која ја изградил.
Во христијанството денешниот ден се одбележува и како ден кога треба да се молиме за излекување, но и како добро време за простување на гревовите на оние кои се неверници.

Напишете коментар