Вечерва Концерт на Елена Јанева

1471978_997648766914625_6902371417962843696_nВечерва со почеток во 20,00 часот во НУЦК Антон Панов ,концерт ќе одржи младата пијанистка Елена Јанева .
Елена Јанева е родена на 13.03.1998 година во Струмица. Основно музичко училиште заврши во ОМУ „Боро Џони“ во Струмица. Солфеж и теорија започна да учи кај проф. Зуица Тумбова, а продолжи кај проф. Ана Тимова. Почетоците на клавирот ги стекна кај проф. Павлина Терзиева, а понатаму во класите на проф. Ленче Мазнејкова и проф. Зоран Мазнејков.

Годинава таа заврши трета година во средното музичко училиште во Штип ДМУЦ“Сергеј Михајлов“, во класата на проф. м-р Марија Максимова.
Учествуваше на повеќе национални и интернационални натпревари каде што освои бројни награди: Уб, Србија, 2015 – I награда Државен натпревар по солфеж, Скопје, 2013 – I награда Интернационален интернет натпревар, 2015 – II награда Општински натпревар, Штип, 2014 – II награда Регионален натпревар, Штип, 2014 – III награда Меѓународен натпревар „Охрид те сакам“, Охрид, 2014 – III nagrada Аранѓеловац, Србија, 2013 – III награда Меѓународен натпревар, Гевгелија, 2013 – III награда Софија, Бугарија, 2012 – III награда Меѓународен натпревар, Гевгелија, 2011 – III награда, Учество на интернационален фестивал во Тревизо, Италија, 2015.

Гости на концертот ќе бидат Верица Ајтовска , Стефан Дичов и Стефанија Тегова.

Напишете коментар