Успешно спроведена крводарителска акција во Василево

Денес, во просториите на општина Василево, Црвениот крст во соработка со Заводот за трансфузиона медицина и со поддршка на општина Василево, успешно реализираше акција на доброволно дарување на крв. Традиционално, вработените во општинската администрација, во ЈПКД „Турија“, основните училишта и детската градинка уште еднаш како и многупати досега во изминатиот период ја покажаа својата хуманост на дело и даруваа крв.

Крв даруваше и првиот човек на општината, градоначалникот г-дин Ванчо Стојанов.

„Општина Василево, традиционално, во изминатиот период два до три пати годишно организира вакви акции на доброволно дарување крв. Целта е да ја покажеме хуманоста на општината, на институциите при општина Василево, на нашата администрација и секако да поттикнеме нови, млади крводарители кои ќе даруваат крв во понатамошниот период“ изјави градоначалникот на општина Василево, и самиот крводарител кој повеќе од триесет пати ја подал својата рака и доброволно дарувал крв, односно како што тој вели „драгоцена течност која во одредени ситуации може да му биде потребна секому“.

Во периодот од 9,00 до 14,00 часот, колку што траеше акцијата, собрани беа околу треиесетина крвни единици, бројка што сама по себе зборува за големиот одзив на граѓаните на општина Василево и успешноста на акцијата.

Напишете коментар