Фестивал на Класична Музика Струмица 2023

Во Струмица од 1-ви до 9-ти Јуни се одржа традиционалниот Фестивал на Класична Музика “Classic International Festival Strumica 2023” организиран од Оптина Струмица во соработка со М-р Васил Атанасов, кој е воедно и организатор на целиот фестивал.

Фестивалот беше отворен со настапот на Дуо „Селена“ – Кохар Андонијан и Лилијана Стоева од Бугарија кои настапија со Келтски Харфи, иструмент со потекло од 7-ми век, кој се смета за национален инструмент на Северна Ирска.

Вториот Настап беше на Хорот “Мелизма” во Црквата Св. Петнаесет Велокомаченици под диригенство на Марија Андонова.

Третиот настап беше на гостите од Србија: Јован Богосављевич – виолина и Бојан Младенович – пијано.

За четвртиот настап имавме трио: Марија Наумовска Бакревски – сопран, Игор Бакревски – кларинет и Иван Еминовиќ – пијано.

Фестивалот го затвори “Klavirsko duvacko trio – Ljubljana”. Врвни уметници од Република Словенија: Joze Kotar – кларинет, Zoran Mitev – фагот и Luka Ferini – пијано.

Сите кои присуствуваа на концертите беа изненадени од изведбите и уживаа во изведбите на специјално одбраните дела. Сите останати ќе мора да почекаат до наредната година за следното издание на овој традиционален фестивал.

Напишете коментар