Трипуноски се сретна со земјоделците во Василево

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделие г-дин Цветан Трипуноски денес, оствари средба со земјоделците во Василево, каде главно се разговараше околу состојбите во откупот на краставиците и доматите и најновите предлог-измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои се однесуваат на воведување на неделни цени за откуп на земјоделските производи.

„Денес сум во посета на Струмичкиот регион каде што одржав средба со земјоделците од истиот регион. Минатата недела имавме еден состанок во присуство на министерот за земјоделство каде разговаравме со земјоделците од овој регион за тековниот откуп на доматата и краставицата. На тој состанок беа предложени одредени барања од земјоделците. Едното беше да се воведе неделна цена на откупот на земјоделски производи. Министерството изготви измена на Законот за земјоделство и рурален развој којшто моментално е во Владина процедура. Доколку истиот биде прифатен од Собранието тоа ќе значи дека неделната цена ќе биде еден од условите за откуп на земјоделските производи. Во тој дел ние како Инспекторат ќе можеме да ги следиме моменталните односно тековните ситуации со откуп на земјоделски производи“, изјави директорот на државниот инспекторат за земјоделие г-дин Цветан Трипуновски, по денешната средба со земјоделците во Василево по што следуваше посета на неколку откупни пунктови со цел како што изјави тој, директно, на лице место да види како се одвива откупот.

На средбата беше упатен апел до сите земјоделци од Р.Македонија да го користат бесплатниот телефонски број во Инспекторатот, 0800 11 000, со цел навремено да алармираат доколку утврдат одредени неправилности во текот на самиот откуп.

На средбата со земјоделците присуствуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.DSC_09121-1024x718

DSC_09331-1024x681

DSC_09381-1024x681

Напишете коментар