Струмичани се Поклонија пред Чесниот Богородичен Појас

Денеска православните верници од Струмица имаа можност да се поклонат пред Чесниот Богородичен Појас, кој беше изложен во црквата св. Петнаест Тивериополски св. Маченици.
Богородичниот појас кој се наоѓа во Светиот Најголем Манастир на Ватопед на Света Гора, е единственото наследство кое е спасено од нејзиниот земен живот. Верници од Струмица, духовни чеда на отецот Димитар Крцев беа во Света Гора и оттаму донесоа едно од светите парчиња на појасот.


Пресветата Богородица три дена по нејзиното успение воскресна и се вознесе бестелесно на небото. За време на вознесувањето го предаде Апостолот Тома нејзиниот Појас. Апостолите тогаш штом го отворија гробот, не го пронајдоа телото на Богородица. Така Чесниот Појас претставува документ, доказ за воскреснувањето и настапувањето на Богородица со телото на небесата, значи нареченото нејзино преселување.

Чесниот Појас беше изработен согласно со традицијата од истата Пресвета од влакна од камила. Првично се чуваше во Ерусалим, а потоа во Цариград, од каде во 12-ти век за време на Мануил Први Комнен (1143-1180) година е воспоставено и званично нејзино празнување на 31 август. Царицата Зои, сопруга на Леонтиј Мудриот, од благодарнист за нејзината чудотворна терапија го извезе Појасот со мзлатен конец, како што е сочуван до денес, но поделен на три дела. Царот Јоанис Кантакузинос (1347-1355), којшто гаеше посебна љубов кон Манастирот Ватопед, кое што е потвртено од многу соодветни сведоштва го подари на него. Од тогаш Чесниот Појас се чува во Светиот Манастир Ватопед, во сребрена кутија од поново производство која го прикажува Манастирот.

Безбројни се чудата, кои се случуваат до денес со Чесниот Појас. Неговата вредност е непроценлица бидејќи е поврзан со Богородица. Чесниот Појас има посебна моќ да ја лекува стерилноста, бесчедноста на жените и на болните од рак со лента која е претходно благословена од неа и постојано го носат неплодните жени и болните.

Напишете коментар