Струмичанец со 20 евра во Пасошот сакал да ги Поткупи Цариниците

Ноќеска, пет минути после полноќ, на граничниот премин-Табановце на влез во земјава со автомобил рено маген со словенски национални ознаки и цол регистарски број, допатувал Т.С.(23) од село Штука-Босилово, кој поседувал македонска и бугарска патна исправа.

При пасошка контрола од страна на полициски службеник за влез на патнички моторни возила во земјава, Т.С. на увид ја приложил македонската патна исправа како и сообраќајната дозвола од возилото кое било за увоз односно за царинење. Откако службеничката забележала дека се работи за цол регистарски таблици на лицето му укажала дека со возилото треба да се престрои на лента наменета за контрола на товарни моторни возила како и возила за увоз-царинење за да може да го пријави возилото на царинска служба заради изготвување на потребна документација.

По укажување на лицето да се упати на лента за контрола на возила за царинење, истиот излегол од возилото заменувајќи ја бугарската патна исправа во која без повод и причина ставил  една банкнота од 20 евра. На нејзино прашање зошто се парите во патната исправа, истиот  и рекол за да се почасти, а се со цел да ја избегне царинската процедура. Лицето е преведено и во 1.25 часот со Потврда за предавање на лице, лицето, патната исправа како и банкнотата од 20 евра се предадени на полициски службеници од кумановската полиција  за понатамошна постапка.

Напишете коментар