СТРУМИЦА- МОЈОТ МУЛТИКУЛТУРЕН ГРАД, проект на СОУ „Јане Сандански“

Денес, сабота, 11.11.2017 година,во Струмица реализира самостојна активност во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција поддржан од Министерството за образование на РМ и Општина Струмица. Активноста беше насловена „Струмица- мојот мултикултурен град“, а во неа беа вклучени 26 ученици- 13 од македонска и 13 од турска етничка припадност, пет предметни наставници и директорот на училиштето. Активноста се одржа на комплексот Цареви кули.

Децата изработија постери со фотографии кои ги направија во текот на претходната недела, а ја отсликуваат мултикултурата на Струмица. На фотографиите беа застапени народни носии, обичаи (крштевки, свадби, сунет, момински вечери и сл.), спортски настани, верски објекти, традиционални јадења, слики од секојдневието и друго. Пред активноста, децата имаа меѓусебно дружење со закуска.
Во рамките на истата активност, во училиштето е во тек литературен и ликовен конкурс на истата тема. Пристигнатите творби ќе бидат прегледани од комисија од предметни наставници, а за најдобрите се обезбедени пригодни награди.
Учениците не можеа да го скријат задоволството од дружењето и размената на идеи и мислења и изразија желба да учествуваат во вакви активности и во иднина.

фото-Митко Ников

Напишете коментар