„Струмица грижлив град“.

Во големата сала на домот на АРМ, денеска, се одржа првиот координативен состанок на кој беше промовирана иницијативата на општина Струмица за реализација на концептот „Струмица грижлив град“.

Според Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој, се работи за еден сериозен проект во кој општината има намера во рамките на „Платформата за унапредувањето на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани во општина Струмица“, во наредниот пет годишен период максимално да се посвети на идентификација, утврдување и решавање на сите проблеми со кои се соочуваат ранливите групи граѓани во локалната заедница во рамките на локалните и владините политики, доближени до европските принципи и стандарди.

-Во тој контекст сакаме да изработиме една анализа што ќе ни ја даде реалната слика за сите проблеми кои што ги имаме во моментот, односно ќе ни даде слика за тоа што имаме досега направено. Имајќи во предвид дека општина Струмица доста работеше во сферата на социјалната заштита, но сепак работеше изолирано во рамките на соодветни поединечни или општински активности и проекти, меѓутоа, сега започнуваме нов концепт каде сите заедно обединети ќе ги утврдиме сите проблеми и во тој контекст ќе направиме приоритети со една единствена цел на прав и вистински начин да ги испланираме, односно, финасиски да ги избуџетираме за да може да ги утврдиме соодветните извори на финансирање, дали ќе бидат дел од буџетот на општина Струмица или од други извори на финансирање или пак меѓународни извори на финансирање, меѓутоа, тоа да биде ставено во една рамка кое што ќе ни даде можност во наредните пет години точно утврдената активност по приоритет да биде и реализирана, односно, да имаме стопроцентна реализација, рече Милушев.

Концептот „Струмица грижлив град“ ќе се рализира со заедничко учество на сите чинители и тоа владини и локални институции, граѓански сектор и други заинтересирани страни.

Напишете коментар