Струмица беше дел од „Часот на планетата земја“

Со исклучувањето на осветлувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, општина Струмица синоќа се вклучи во најголемата волонтерска акција за спас на планетата земја „Часот на планетата земја“. Затемнувањето беше извршено во периодот од 20,30 до 21,30, а волонтерите на општинската организација на Црвениот крст испратија порака за спас на планетата преку поттикнување на глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.
Оваа глобално еколошко движење кое годинава се оддржа под мотото „Заблескај светлина на климатските промени“ е поддржано од Обединетите нации и во него се вклучија над 170 земји

Напишете коментар