,,Спортот и семејните вредности,, во о.Василево

Најразлични спортски игри преку кошарката, фудбалот и ракометот беа дел од проектот ,,Спортот и семејните вредности,, кое денес се реализираше во основното училиштето Гоце Делчев во Василево.

Овој проект се реализираше преку Агенцијата за млади и спорт како и со подршка на општина Василево.

Директорот на АМС, Марјан Спасески истакна дека преку овој проект се придонесува кон зајакнување на семејните врски преку спортот и кон создавање на психофизички здрава и силна нација.

DSC_1549

Градоначалникот на општина Василево изрази благодарност кон Агенцијата за млади и спорт што токму општина Василево е дел од четрите општини во државата каде се реализира овој проект.

DSC_1551

 

Напишете коментар