СОУ. Никола Карев, домаќин на општинскиот натпревар по Англиски јазик

Во организација на локалните координатори на ЕЛТАМ – асоцијацијата на наставниците по англиски јазик – Македонка Маџирова, м-р Натка Јанкова и пензионираниот советник по англиски јазик Ристо Костадинов, СОУ Никола Карев беше домаќин на општинскиот натпревар по Англиски јазиј за основни училишта.

Учениците се натпреваруваа во две категории и тоа: ученици од 5-то одделение и ученици од 9-то одделение. Услов за пласирање на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 16.04 во истото училиште е ученикот да освои од прво до трето место на ниво на својата општина и да има освоено минимум 70 поени.
На 16.04 во просториите на СОУ „Никола Карев“ исто така ќе се одржи општински и регионален натпревар за средните училишта на кој учениците ќе се борат за пласман на државниот натпревар кој ќе се одржи во мај во Скопје.

Резултатите на учениците од регион центар општина Струмица се следниве:
5-то одд:
1 место за Зорица Василева под менторство на Јулија Србинова од ОУ „Видое Подгорец“
2 место за Лазар Крсмановиќ под менторство на Мими Иванчева од ОУ „Сандо Масев“
3 место за Илија Георгиев под менторство на Зоран Ѓузелов од ОУ „Маршал Тито“
Општина Василево:
1 место за ученикот Ѓорги Митев под менторство на Зорица Арнаудова од ОУ „Гоце Делчев“
2 место за Митко Јованов под менторство на Сања Дробарова од ОУ „Гоце Делчев“
Општина Босилово:
1 место за Љупка Карастоева под менторство на Софија Митрова од ЦОУ „Кирил и Методиј“
2 место за Дамјан Зимбаков под менторство на Кристина Георгиева и 3 место за Петар Шопов под менторство на Стево Божинов и двајцата од ЦОУ „Гоце Делчев“.

9-то одд:
1 место Симеон Стоилов Иванов под менторство на Мими Иванчева од ОУ „Сандо Масев“
2 место за Мирјана Николовска под менторство на Златко Костадиноски од ОУ „Герас Цунев“ с.Просениково.
3 место за Камелија Каламерникова под менторство на Мими Иванчева од ОУ „Сандо Масев“ и Митко Енџеков под менторство на Зорица Петровска од ОУ „Гоце Делчев“.
Од општина Ново Село, ученичката Емилија Дацева освои 1 место и доби пласман за регионалниот натпревар под менторство на Божанка Карачанакова од ОУ „Мануш Турновски“.

извор-Струмица Денес

Напишете коментар