СОУ „Никола Карев“ домаќин на државните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта

Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“ во Струмица, свечено беа отворени 35-те државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта во Република Македонија. Натпреварите за отворени ги прогласи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.
„Имам чест и задоволство да Ве поздравам сите Вас од мое лично име, од името на градоначалникот Зоран Заев и од името на Советот на општина Струмица и да Ви посакам убав и успешен престој во нашиов град. Фактот дека токму Струмица и средното општинско училиште „Никола Карев“ се домаќини на јубилејните 35-ти Државни натпревари на Електро техничките, Машинските и Сообраќајните средни училишта на Република Македонија, претставува предизвик и обврска да се оправда довербата, овие натпревари да поминат во беспрекорен натпреварувачки амбиент, но и во амбиент кој овозможува добро дружење и стекнување на нови пријателства. Искрено се надевам дека овие државни натпревари ќе покажат на дело дека акумулираните знаења во текот на оваа школска година која е при крај, е на високо ниво и дека во вашите училишта се образуваат стручни кадри кои ќе бидат по мерка на потребите и барањата на нашата татковина. Иднината и прогресот на Република Македонија се темели токму на адекватното примопредавање на знаењата во Вашите стручни училишта. Ви посакувам на овие натпревари да го покажете токму тоа и да постигнете успеси какви што заслужувате.Нека победат најдобрите, рече Христов.

Напишете коментар