СОУ „Јане Сандански“ e Подготвено за Новата Учебна Година

Средното општинско училиште „Јане Сандански“ е подготвено за новата учебна 2015/2016 година. Како и секоја година, така и оваа за време на летниот распуст извршени се повеќе интервенции за подобрување на условите и амбиентот за изведување на воспитно – образовниот процес. Според директорот на училиштето Вања Изова Велева, бојадисани се ѕидовите во училишната зграда, извршено е реновирање на наставничката канцеларија, а извршени се и други тековни активности.

Напишете коментар