Шкендија, Работнички и Пелистер ќе играат Лига Европа во Струмица

Македонските претставници во Лига Европа, екипите на Шкендија, Работнички и Пелистер, своите европски натпревари ќе ги играат на стадионот „Младост“ во Струмица.

Македонските клубови мора да бараат алтернатива поради што „Телеком арената“ се чува за Суперкупот на 8 август, па така, „Младост“ е стадионот кој ги исполнува условите и критерумите на европската куќа на фудбалот.

Од управата на Шкендија потенцираат дека сакале да играат во Елбасан, Албанија, но УЕФА го одбила нивното барање.

Напишете коментар