Се поставуваат рефлектори на игралиштата во Владевци и Сушево

Денес, општина Василево започна со поставување на рефлектори на повеќенаменските игралишта во селата Владевци и Сушево. Општина Василево се погрижи и за други градежни зафати кои подобро ќе ги оспособат рефлекторите. На тој начин се подобруваат условите за спортување на мештаните од населените места Владевци и Сушево. Средствата за осветлување на игралиштата се обезбедени со средства од буџетот на Општина Василево.

Напишете коментар