Се одржа 4та Форумска Сесија од Буџетскиот Форум во о. Василево

Синоќа во просториите на мотелот Мис Стоун се одржа четвртата форумска сесија од буџетскиот форум на општина Василево. На сесијата присутните имаа можност да ги проследат презентациите за расходите на програмите за: „Изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води “ на општина Василево за 2016 година Уредување на градежно земјиште во рурални подрачја“ на општина Василево за 2016 година „Јавна чистота“ на општина Василево за 2016 година, по што имаа можност за дискусија и предлози за нивни измени или дополнувања. Општина Василево упатува отворена програма до сите заинтересирани граѓани да се вклучат во работта на сесиите и со тоа заедно ќе го креираат Буџетот за 2016 година.

Напишете коментар