Се бара работник за уништување на Смартфони…

Тимот на страница од Британија која прави тестови за споредба на паметни телефони бара еден корисник на смартфон кој би бил задолжен за нивното уништување. Оној што ќе биде избран, ќе тестира различни модели обидувајќи се да ги уништи.
Огласот бара личност која „има долга историја со уништување, најмногу во сферата на паметните телефони“.

„Ова е веројатно најнеобичната позиција за која бараме работник, но исто така е многу важна. Избраникот ќе мора да биде подготвен за екстремни тестирања. Се е дозволено, па дури и фрлање на телефонот во када полна со вода“ – вели Брендон Ацкројд, еден од првите луѓе на страницата TigerMobiles.com.

Оној што ќе биде избран ќе добие сосема солидна плата, а конкурсот се уште е отворен.skrs-skken-t

Напишете коментар