Се асфалтира игралиштето во Дукатино

Повеќенаменското игралиште во с. Дукатино чија изградба започна пред неполни два месеци е асфалтирано. „Ова е една од фазите во изградба на овој спортски објект, со чија изградба жителите на Дукатино ќе добијат свое спортско катче, свое место каде што ќе можат безбедно да спортуваат, да играат фудбал, кошарка, односно да спортуваат и рекреираат што сакаат и кога сакаат, “ изјави градоначалникот на општина Василево при неговата посета на игралиштето во моментот кога се асфалтираше.

До целосното завршување на игралиштето остануваат уште низа активности, односно оградување, осветлување, одбележување и опремување со спортската опрема и реквизити како што се кошеви, стативи, мрежи.

Ова игралиште има стандардни димензии, 42х26 метри, ќе биде опремено со рефлектири со што ќе се створат услови за спортување и во ноќните часови.

Буџетот за негова комплетна реализација изнесува околу 3 100 000 денари и истите се обезбедени од општина Василево.

Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.
DSC_0893-1024x681

DSC_0899-1024x681

DSC_0900-1024x681

DSC_0308-1024x681

Напишете коментар