Репремиера „Таа“ по Даниела Колева во режија на Васил Михаил. Во изведба на Оливера Аризанова

Претставата е изведена 33 пати, учествуваше на 5 Фестивали во земјата и странство, турнеи во Бугарија, БИХ и Словенија. На 6 Октомври 2015год. ќе учествува на Првиот меѓународен театарски фестивал „Патувачки театар“ во Сливница, Р.Бугарија и на 11 Октомври 2015год. ќе гостува во Подгорица, Црна Гора.
Монодрамата „Таа“ работена по текст на бугарската авторка Даниела Колева, а во режија на Васил Михаил,
Се работи за проект со универзални пораки, во кој во центарот на интересирањето е жената како столб на семејството, како повеќевековен еманципациски проблем и како повеќеслојна компонента на животот и општеството воопшто, сето тоа пренесено на сцена преку играта на актерката Оливера Аризанова.
За авторката на текстот „Таа“ е исповед напишана од нејзино и од името на повеќето жени кои битисуваат на овие географски ширини.
– Мојата радост вечерва е двојна затоа што овој текст ги премина границите и покажа дека театарот е многу подобар посредник и медијатор помеѓу луѓето од двете страни на една граница, но и поради тоа што Оливера Аризанова ја имаше храброста да ја игра жената на средна возраст и да покаже дека не само жената од Бугарија, туку и таа од Македонија, но и воопшто жената која живее на Балканот имаат многу заеднички нешта. Се надевам дека со ова претстава многу жени во Македонија ќе може да се видат на сцената исто како и секоја просечна жена која никогаш била поканета на даските што живот значат, но на овој начин тие се веќе на неа – вели Даниела Колева, автор на текстот.
Автор на сценографијата и костимографијата е Ване Василев.

Цената е 100 денари.
50 денари е за невработени лица до 29 години, за пензионери и за лица кои
до 18 години имале статус на дете без родители и
– бесплатни билети за социјално загрозени лица, лица до 18
години кои имаат статус на дете без родители а за
студентите секој четврток во месецот.

Напишете коментар