Редовна Седница на Регионалниот Центар за Управување со Кризи

Денеска во просториите на домот на АРМ се одржа редовната седницана регионалниот центар за управување со кризи од Струмица.
На оваа редовна седница имаше повеќе точки на дневниот ред меѓу кои и состојбата на речните корита на територијата на општина Струмица, водоснабдувањето во овој регион, како и подготвеноста за зимскиот период што следува.
Според Милан Русев од регионалниот центар за управување со кризи, се е подгответно за периодот што следува,коритата се исчистени, исправноста на водата е во најдобар ред бидејќи редовни се земаат мостри за нејзината исправност.
Исто така се преземени сите мерки од страна на сите јавни претпријата за зимскиот период.

Напишете коментар