Промоција на Првиот Музички Албум Ретро-Перспектива на Стефанија

“Ретро > Перспектива” е настан кој има да каже многу, ќе пренесе силна мисла и ќе освести во вас многу емотивни теми. Ќе ве разбуди и потсети на вистинските вредности, на хуманост, љубов и среќа…
Ќе ја чуете албумската верзија на рефрените кои долго време ќе се вртат во вашата глава: Ајде летај бато,далеку од мене.. Од овој сон , сон , разбудиме .. Безнадежен, заврти се … Ќе направам јас се да биде само мој … Секој од нас да подари малку љубов.. Sun rises and shines into your mind …

Сето ова ќе биде пренесено на повеќе начини: преку говорот на телото, преку гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи… Затоа што оваа музика има за цел да допре до сите срца!

Танчери кои ќе ја придружуваат Стефанија се студио за модерен балет “Анастасија”. Специјални гости се децата со оштетен слух и говор од Заводот за рехабилитација – Битола и Ѕвездичките од “Јојо”.
Промоцијата има турнеја низ Македонија, која започна со Битола, па продолжува во Охрид, Прилеп, Велес, Струмица, Гевгелија, а завршува со две промоции во Скопје (Мкц и МНТ).

На самото место ќе има можност и да се набави албумот “Ретро- Перспектива” 2015’.

Настанот ќе се одржи во Петок во НУЦК Антон Панов со почеток во 19-00 часот
Домаќини на настанот се Црвен крст – Струмица, а влезот е слободен.

Напишете коментар